Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите.
Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.
„Јас живеам на 100тина метри од студентскиот дом Стив Наумов. Ги знам условите. Но тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.