петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски со фотографии и кратка порака информираше за чествувањето на Гоце

Пендаровски со фотографии и кратка порака информираше за чествувањето на Гоце

Во чест на 151 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и национален херој, денеска положив свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, кратко информираше претседателот Стево Пендаровски кој денеска заедно со македонската владина делегација оддаде почит на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Своите впечатоци од чествувањето на гробот на Гоце Делчев ги сумираа и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а изјава даде и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Пендаровски неодамна по ескалирањето на односите со Бугарија доби директни закани по живот поради што препорача бугарскиот националист Ангел Џамбаски да се прогласи за персона нон грата во Македонија и да му се забрани влез на денешното чествување на Гоце Делчев.

Поради тензиите и провокациите од бугарска страна денеска 151-годишнина од раѓањето на великанот Гоце Делчев се одржа под силно полициско обезбедување и посебен безбедносен протокол.

Најнови вести