среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, Црна Гора.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, денеска ќе се обрати на Пленарна сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес – конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ.

Претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.

Најнови вести