недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Денес е денот на нејзиното височество – жената, бидете  горди, што сте жени, среќен 8-ми март

Пешевска: Денес е денот на нејзиното височество – жената, бидете  горди, што сте жени, среќен 8-ми март

Ви се обраќам на овој посебен ден за нас жените, Меѓународниот ден на жената, кој се празнува низ целиот свет. Своевремено, Клара Цеткин во 1911 година за прв пат го организирала овој ден на жената, како резултат на нејзината борба за женски права. И во 21 век ние говориме и се бориме за женски права и рамноправност во сите сфери во општеството. И ако некој ме праша дали е доволно направено? Секако дека ќе кажам не, истакна денес претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција

Бидејќи и покрај многуте закони во нашата земја, сепак во изминатиов период бевме сведоци на низа дискриминации на жените,

  • Како што беше случајот со родилката од Дебар.
  • Текстилните работнички ширум земјата во време на пандемијата.
  • Жените вработени во приватниот сектор, кои и во време на пандемија  одеа на работа.
  • Мобингот врз вработените во општина Лозово и мобингот низ многу институции во државата.
  • Скандалот со групата „Јавна соба“ на телеграм, преку која се вршеше насилство врз жени и девојчиња и уште многу други случаеви.

Пандемијата не уназади во женските права бидејќи откако се затворија градинките и училиштата, жените во поголем дел останаа дома, се грижеа за домот и семејството, некои ги загубија своите работни места и со тоа жената стана уште поранлива.

Сите податоци покажуваат дека во време на пандемијата има зголемување на семејното насилство за 45%, од кои што најголем број жртви се токму жените.

Владата носеше мерки, за кои немаше родова анализа и сите мерки  допринесоа за устоличивување на родовиот стереотип дека жената  треба да биде само  мајка и домаќинка.

Не можам, а да не ги спомнам здравствените работнички кои беа најизложени во борбата со короната, со што ја заслужуваат сета наша почит и благодарност. Тие се херои на ова време.

Сите овие случувања покажуваат дека треба уште поревносно да се залагаме за женските права, треба да го кренеме гласот за секој еден случај на дискриминација или насилство, говор на омраза, па во таа насока, јавно ги повикувам сите женски политички организации да се обединиме и заедно да се избориме за заштитата и унапредување на правата на секоја една жена во Република Македонија.

Ние, жените  го заслужуваме тоа.

Жената е таа која има дарба да дарува живот, жената го трасира патот на своите деца и ако таа е столб на семејството, тогаш можам слободно да кажам дека жената е столб на општеството.

Ние жените покрај тоа што сме успешни мајки и домаќинки, сме успешни деловни, вработени жени, во сите сфери во општеството.

Денес е денот на нејзиното височество – жената!

Бидете  горди, што сте жени.

Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено нежни и внимателни.

Среќен 8-ми март!

Нов извештај: Дали е квалитетна водата за пиење во Скопје?

Најнови вести