недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром

Пешевска: Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром

Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром. Најостро ја осудувам постапката на премиерот, да со правење на гестикулации со раката споменува една жена, која е сопруга и мајка и одлучила да се кандидира за градоначалник на Скопје, стои во Фејсбук статусот на Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа верува дека премиерот и СДСМ при потпишувањето на етичкиот кодекс за фер и демократски избори, не мислеле дека ќе водат ваква кампања.

Пешевска ја повикува претседателката на форумот на жените на СДСМ Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката.

– Ваквите постапки се недозволиви и од причина што во тек е кампања под насловот “Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката”, која кампања верувам дека СДСМ не само декларативно, туку вистински ја поддржува, пишува Пешевска.

Најнови вести