среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Проблемот со ребалансот на Буџетот е што парите не одат таму каде што треба

Пешевска: Проблемот со ребалансот на Буџетот е што парите не одат таму каде што треба

Проблемот со овој втор ребаланс на Буџетот е тоа што немате направено распределба каква што е потребна. Проблемот е што парите не одат таму каде што треба, не одат кај граѓаните и фирмите кои се најпогодени од корона, рече пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа за вториот ребаланс на Буџетот.

Пешевска напомена дека Владата заборавила многу области.

-Имате многу области кои ги заборавивте, ние ве потсетуваме и добро е што нешто барем прифативте. Но некои сепак ги оставивте без помош. Лицата со попреченост сами велат дека се заборавени. Нема ваучери за нив зошто земале додаток за мобилност од 7 илјади денари, многу од нив не работат, а заборавени се од вас како Влада, кажа Пешевска.

Според неа, лоша е или нема реалзииација на мерките од претходните пакети.

-Ниска е реализиација на мерките од претходните пакети веројатно си знаете зошто. Реализацијата е само 54 проценти. Тоа значи или се промашени мерките или не се добри па граѓаните не аплицираат за нив, рече Пешевска.

Таа информираше дека не се прифатени амнадманите наменети за набавка за комјутери.

-Предложивме пренамена за пари за набавка на комјутери како за учениците, така за и наставниците, а не прифативте. Тоа во оваа ситуација на корона криза е клучно, рече Пешевска.

Најнови вести