вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петкоска: Намалување на сивата економија треба да е приоритет, власта да го извади од лавиринтите

Петкоска: Намалување на сивата економија треба да е приоритет, власта да го извади од лавиринтите

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност Намалување на сивата економија треба да е приоритет и затоа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност по скратена постапка треба што поскоро да се донесе, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница, која и порача на власта да не го кочи повеќе овој закон за да може конечно да се уредат условите за водење туристичка дејност во Македонија.

Таа посочи дека доколку власта не сака да ја послуша опозицијата, тогаш треба да си го послуша сопствениот директор на Агенцијата за туризам кој скоро изјави дека нема можност да се регулира пазарот заради недонесен закон кој е заглавен во лавирнтите со што се овозможува сива економија која носи неконкурентност на пазарот.

-Директорот наместо на зборови да премине на дела и да пренесе во влада дека токму заради нивните претставници во Собрание законот е заглавен. Предлог законот е ставен на дневен ред на 8 јуни и до ден денес го нема видено светлото на денот. Заради неуредени членови во законот и неусаглосеноста на законот со други закони испекторите се ускратени во можноста да го применуваат со што се нарушува целта, и се отвораат можности за злоупотреба, рече Петкоска.

Петкоска истакна со носење на законот ќе се доуредат прашањата кои се јавуваат како потреба од досегашната пракса и ќе се постигне основна цел, а тоа уредување на условите и начинот за туристичка дејност

Најнови вести