петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петков му се јавил на Ковачевски за инцидентите на гробот на Делчев и во Битола

Петков му се јавил на Ковачевски за инцидентите на гробот на Делчев и во Битола

Македонскиот премиер вели и дека министерствата за надворешни работи на С Македонија и на Бугарија се задолжени по однос на отворените политички прашања и тие ќе имаат средба на 10 и на 11 февруари
Бугарскиот премиер Кирил Петков му се јавил синоќа на македонскиот колега Димитар Ковачевски во врска два инциденти што се случија деновиве, а кои беа ставени во политички контекст во однос на релациите Скопје-Софија.

За телефонскиот разговор со Петков информира претпладнево Ковачевски, по посетата на компанијата “Текстил солушн”. Тој рече дека бугарскиот премиер се интересирал за случајот со отстранувањето на лентите од венците што бугарските делегации ги положија на гробот на Гоце Делчев, при чествувањето на 150-годишнината од неговото раѓање.

„Го информирав дека МВР ги прави истражните работи“, рече Ковачевски.

Петков се интересирал и за случајот во Битола, каде што беше искршено стакло на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“.

„Во Битола, според соопштението од МВР, се испостави дека не се работи за политички инцидент, туку за инцидент мотивиран од други – приватни причини, за што лицето кое го сторило тоа веќе има дадено изјава“, рече Ковачевски.

Тој посочи и дека министерствата за надворешни работи на С Македонија и на Бугарија се задолжени по однос на отворените политички прашања и тие ќе имаат средба на 10 и на 11 февруари.

„Тие ќе работат и разговараат за отворените прашања и доколку се посигне напредок за двете страни, врз осонова на европски вредности и меѓусебно почитување, тогап МНР ќе соопшти, на ист начин како што минисерот за надворешни работи имаше во Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Најнови вести