Започнавме со кампањата Обнова за Македонија во Гевгелија, посетивме неколку населени места и домови. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стигне до секој дом, до секое семејство, вели Ангела Петкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Се обврзуваме за реализација на сето она што е предвидено во Програмата за општина Гевгелија и ви ветувам дека во општина Гевгелија ќе бидат реализирани многу проекти во наредните четири години.
А Вие знаете дека она што ВМРО – ДПМНЕ го ветува, истото и го остварува.
Почитувани граѓани, ние сме патриоти и го сакаме својот народ , сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а после нас да оставиме здрава и чиста животна средина.
Во програмата на ВМРО ДПМНЕ во наредните четири години, нема предвидено изградба на рудници на територија на општина Гевгелија.
Прашањето за отварање на рудници е затворено и во Гевгелија нема да има рудници.
За нас дадениот збор е од суштинско значење.
Ги повикувам сите граѓани на општина Гевгелија, внимателно да ја прочитат програмата на ВМРО ДПМНЕ и самите да ги запознаат проектите кои Владата ќе ги реализира во наредните четири години.
Следува ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, вели Петкова во својата објава.