понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Петров: СДСМ ја демонтира Македонија, се што е отпор за заштита на националните интереси за оваа Влада е екстремизам

Петров: СДСМ ја демонтира Македонија, се што е отпор за заштита на националните интереси за оваа Влада е екстремизам

Постојат заведувања на јавноста и уште повеќе ќе следат особено во време кога оваа Влада е изгубена во време и простор. Оваа Влада го губи тлото под нозе, и за тоа ќе фингира случаи за да ја зваедува јавноста од надминувањето на рубиконот на стравот и срамот кај народот. А, народот покажа што сака на семакендскиот протест кој се одржа на 25-ти април, истакна, Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Петров додаде дека агенцијата за разузнавање треба да биде во функција на интересите на државата Македонија. Меѓутоа според политиките и интересите на Владата или според опсервацијата на кон други или туѓи центри и држави придонесува оваа служба практично да се занимава само со македонскиот „екстремизам“. Бидејќи го сметаат најопасен за по националната безбедносност на државата.

-Оваа Влада се откажа од Македонците во светот и склучи два договори окои претставуваат велепредавство на нацијата и државата. Договорот Заев – Борисов на први август 2017-тата година и спогодбата Димитров – Коѕијас од 17 јуни 2018-та година. Владата го смени името на државата, врши ревизија на националната историја на македонскиот народ и државата Македонија. Практично ја демонтира македонската држава во сите сфери, во сите сегменти, појасни Петров.

Петров посочи дека поради тоа се што е отпор за заштита на националните интереси на македонскиот народ за оваа Влада е екстремизам.

Најнови вести