Министерката за одбрана Славјанка Петровска остварила средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. Како што напиша на нејзиниот Фејсбук профил Петровска, изразиле силна осуда на рускиот напад врз Украина и се согласиле дека единството на сојузниците во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на земјите членки.
– Благодарност до амбасадорката за честитките за втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО која ќе се заокружи овој месец, но и за поддршката од пријателска Романија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, објави на Фејсбук министерката Петровска.