четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петровска: Новиот закон треба да овозможи изградба на систем на човечките ресурси што ќе биде компатибилен со членките на НАТО

Петровска: Новиот закон треба да овозможи изградба на систем на човечките ресурси што ќе биде компатибилен со членките на НАТО

Нашата цел е да дојдеме до законско решение, што ќе понуди основа за развој на персонал кој ќе биде подготвен да одговори на прашањата што ги носи променливата и непредвидлива реалност, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното отворање на Јавна расправа по Предлог-законот за вработени во Министерството за одбрана.

Според министерката, овој закон треба да овозможи изградба на систем на човечките ресурси во Министерството за одбрана, што ќе биде компатибилен со членките на НАТО.

На отворањето на Јавната расправа свое обраќање имаа и државниот секретар во Министерството, Владимир Анчев, како и претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, Марјан Ѓуровски.

На Јавната расправа беше презентирана потребата од донесување на ново законско решение за регулирање на статусот на вработените во одбраната како дел од системот за национална безбедност, со фокус на спецификите на обврските во областа на одбраната.

Најнови вести