Министерката за одбрана, Славјанка Петровска информираше дека имала проштална средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук со која во изминатиот период имале силна и интензивна соработка.
-Северна Македонија е на вистинската страна на историјата. Продолжуваме со поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во Европа во 21. век нема место за отворена агресија и страдања. Заложбата на НАТО за поддршка на украинските граѓани и на земјата во одбрана од неоправданата руска агресија е недвосмислена, објави Петровска.
Претходно Задорожњук се сретна и со претседателот Стево Пендаровски и спикерот на Собранието, Талат Џафери.