недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петровска: Вистина се тврдењата на Ковачки дека во МО земале мито за вработување

Петровска: Вистина се тврдењата на Ковачки дека во МО земале мито за вработување

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5 телевизија, призна дека се вистините обвинувањата на пратеникот Драган Ковачки за вработува во министерството за прием на професионални војници во армијата, бранејќи се дека наводно ги известила надлежните институции, како и дека Ковачки со обелоденување на овој криминал негативно влијаел врз истрагата.

-Она што мене лично ме загрижува и што го побарав ова соочување е всушност причината зошто секогаш кога имате некоја истрага во тек, опозицијата во конкретниот случај и пратеникот Ковачки, невнимавајќи соопштува детали и податоци во јавноста со обид да биде компромитирана или загрозена истрагата. Да бидат попрецизна во овој случај во министерството за одбрана долго време е присутна таа, би рекла шпекулација, бидејќи се уште не е потврдена дека за одење во мисии, па дури и за прераспределување, и за курсот за подофицери дека постои корупција и дека тоа завршува некаде по кабинетите во министерството, изјави Петровска и додаде дека за тоа пријавила во месец март.

Пратеникот Драган Ковачки и реплицираше на министерката Петровска доколку навистина знаела и пријавила од месец март, тогаш би требало истрагата до сега да е завршена.

-Ако сте наредиле истрага до сега би требало тие да бидат завршени, вели Ковачки.

Најнови вести