вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петровска за состојбите во Словенија: „Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош“

Петровска за состојбите во Словенија: „Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош“

Подаваме рака на пријателска Словенија, напиша на социјалните мрежи министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош.
Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни“, стои во нејзината објава.

За потсетување, едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија, објавија медиумите.

Порталот Камник.инфо објави дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице.

Полицијата утринава соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите не можеле да излезат на местото на настанот.

Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и делови од централна Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од северна, северозападна и централна Словенија паднале над 100 милиметри дожд во рок од 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи.

Според прогнозата, се очекува дождот да продолжи да врне и во сабота, а за тие делови од земјава е издадено црвено предупредување бидејќи реките во некои делови се веќе излеани.

Најнови вести