„Најлесно и е на Владата за секоја неуспешна реформа, за секој крах, пораз, да не речам дебакл да го обвини ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. И така е најлесно за јавноста, власта ќе се испере и работата според нив е завршена. Меѓутоа, за жал не е така, зборуваме за нешто што согласно заменик министерот Бајдевски со власта се обиделе за нешто во февруари 2019-та година, а сега сме веќе февруари 2021 година, немало никаква активност на темава што сметам дека е апсолутно неработење на власта. Нас не ни треба, како да Ви кажам Влада која што во јавноста ќе се правда со опозицијата, нас ни треба конструктивна Влада. Апсолутно конструктивна Влада, која што ќе има демократски капацитет, па ако сакате интелигентен, институционален капацитет да е спремна да разговара со опозицијата и со другите чинители во општеството кои што имаат различно мислење и да ги решава проблемите“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ при јавување во „Канал 77“, говорејќи за Законот за аудиовизуелни комуникации.
Петрушевски додаде дека тој претходно што се случувало не е запознаен, но во овој мандат апсолутно тврди дека темата воопшто не е спомната, ниту дојдена во Собрание. Дури и немало некаква волја за разговор на оваа тема од страна на власта.
„Меѓутоа ако се оди со намера да се воспостави апсолутна контрола врз јавниот национален сервис и медиуми, ќе наиде на блокада. Ако мислат дека по примерот на изборот на Вендевска за член на Комисијата за дискриминација, или по примерот на изборот на Насер Зибери за јавен правобранител, што се случува во Собранието е да се избираат бивши пратеници, бивши функционери, бивши истакнати партиски личности се бираат за институции кои што треба да бидат независни. Апсолутно ќе има блокада во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата“, нагласи Петрушевски.