сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Додека власта троши 117 милиони евра на незапочнат проект, граѓаните немаат елементарни услови за живот

Петрушевски: Додека власта троши 117 милиони евра на незапочнат проект, граѓаните немаат елементарни услови за живот

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието при денешните теренски активности ги посети населените места Речица, Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце каде ги слушна проблемите на граѓаните од овој регион.

-Денеска ги посетивме населените места Речица, Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце и секаде маката е иста, народот тешко живее и се жали од оваа ненародна власт. Во Речица сточарството скоро и да замрело. Во Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце имаат сериозни инфраструктурни проблеми, како неасфалтирани патишта и проблем со водоснабдување, рече тој.

Петрушевски посочи граѓаните немаат елементарни услови за живот, а власта троши 117 милиони за незапочнат проект.

-И сето ова се елементарни проблеми, во 21 век додека влада троши 117 милиони евра за незапочнат проект. Но, она што преовладува секаде е оптимизмот и надежта на народот дека е време заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја срушиме оваа власт и Македонија да го започне својот економски развој онака како што заслужуваат нејзините граѓани, порача тој.

Најнови вести