сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Европската агенда треба да биде преку Копенхашки критериуми, а не целиот процес да се заснова дали ќе и удоволиме на Бугарија или нема

Петрушевски: Европската агенда треба да биде преку Копенхашки критериуми, а не целиот процес да се заснова дали ќе и удоволиме на Бугарија или нема

Ние имаме историски ревизионизам преку комисијата за историски прашања. пред некој ден сите бевме сведоци дека се бара прифаќање на бугарското потекло на Охридската Архиепископија и дека произлегла од бугарската држава. Бугарија има механизам да не притисне нас, а тоа е блокада на некое поглавје, тоа е проблемот кој го кажуваме. Не постои друга земја која ги негира македонскиот, јазик, идентитет, јазик и култура и не постои друг пратеник кој дојде во Македонија да каже дека сме еден народ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за „Анализа“ на ТВ24.

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да ги постигнеме Копенхашките критериуми, да усогласиме поглавјата, да работиме на европската агенда и перспектива, а не целиот процес да се заснова дали ќе и удоволиме на Бугарија или нема.

– Сите анкети покажуваат дека Македонците се уморни од компромиси, почнувајќи од привремената референца, промената на знамето, промената на името, Охридски договор, Преспански договор, сите овие работи народот ги перцепира дека одат на негова штета се во име на подобар живот и европската агенда која никако не доаѓа, потенцира тој.

Во врска со барањето за Бугарите во Уставот, Петрушевски истакна дека тука нема реципроцитет, ако бара Бугарија таква работа од нас, треба да направи и таму одреден чекор.

Нашиот Устав и ваков е граѓански и Бугарите немаат никакви проблеми, рече Петрушевски.

Најнови вести