сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Германскиот претседател го потврди тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ дека францускиот предлог не го отвора патот за ЕУ, туку води кон континуирано блокирање

Петрушевски: Германскиот претседател го потврди тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ дека францускиот предлог не го отвора патот за ЕУ, туку води кон континуирано блокирање

Цениме дека изјавата на германскиот претседател Штајнмаер е она што и ние го апелиравме на еден таков предлог кој овозможува на Бугарија континуирано блокирање на Македонија во европскиот процес е на штета и нема да го отвори европскиот пат, туку ќе го блокира подолг временски период, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за „Анализа“ на ТВ24 во врска со пораките од германскиот претседател дека ЕУ и Германија не можат да ја спречат Бугарија да ја блокира Македонија.

Петрушевски истакна дека тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ цело време го истакнуваше во целиот процес за францускиот предлог прифатен без широк консензус кој власта се осмели и го прифати.

– Пораките на Штајнмаер треба да ги читаме генерално, а не само селективно кои одговараат на одредена политичка номенклатура. Тој јасно и прецизно рече дека ги разбира и пораките со НЕ и граѓаните и да цитирам „бидејќи станува збор за прашања од националниот идентитет, историја и култура“.

Значи му е јасно дека се работи кои задираат во идентитетот, историјата и културата на Македонецот, потенцира тој.

Петрушевски посочи дека уставните промени не го задираат идентитетот на Бугарија, Македонија не го напаѓа идентитетот на Бугарија, бугарскиот јазик, историја, се наоѓаме во обратна ситуација и затоа нормален одговор е на секој да го штити македонскиот идентитет.

– Тоа го разбира и Штајнмаер и го кажа во својот говор и затоа смета дека таа дебата за вакви прашања треба да ја водиме ние самите во Македонија. Мора посериозно да пристапуваме на вакви работи, рече Петрушевски.

Најнови вести