среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Ковачевски и Груби ја претворија политичката сцена во реално шоу, се до сега што излезе од кујната на СДСМ се лаги и невистини

Петрушевски: Ковачевски и Груби ја претворија политичката сцена во реално шоу, се до сега што излезе од кујната на СДСМ се лаги и невистини

Во емисијата „За или Против“ на Алфа Тв гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека по лидерската средба и Ковачевски и Мицкоски на прес конференции истакнале дека договор нема, а се до сега што произлегува од кујната на СДСМ е невистина и лага и нагласи дека Ковачевски и Груби политичката сцена во Македонија ја претвориле во реално шоу.

„Најпрво морам да истакнам дека ми е жал што политичката сцена во Македонија, Ковачевски заедно со Груби ја претворија на ниво на Српска селска задруга како реалното шоу што го има. Никакви ставови не се искажуваат, никакви интелегентни правци не се завземаат во политиката туку едноставно се зема едно ливче со две реченици и се повторува како расипана лента цело време. Доколку било така и доколку ова што го говори Ковачевски е вистина тој уште вчера во собранието ќе достави предлог за измена на уставот и доколку ова е вистина уставот ќе се отвори и ќе почнеше постапката“ нагласи Петрушевски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски додаде и дека по лидерската средба и Ковачевски и Мицкоски истакнале дека договор нема, а се до сега што произлегува од кујната на СДСМ, од Ковачевски и од Груби е апсолутна невистина и лага.

„За жал како и се до сега што произлегува од СДСМ, од кујната нивна од Ковачевски вклучително и од Груби е апсолутна невистина и лага. Едно е да разговараш и тоа е нормално во политиката но сосема друго е да се сложиш и да има некаква завршница за тоа во форма на заклучоци. После лидерската средба и Ковачевски и претседателот Мицкоски излегоа на прес конференции на кои што си ги кажаа своите ставови и буквално кажаа и двајцата дека договор нема, и дека не еепостигнато никакво прифаќање на никакви позиции и ставови и тоа е почетната точка од којашто можеме натаму да разговараме. Ваквото дегутантно однесување на власта на политичката сцена се повеќе ги одвлекува граѓаните од вербата дека политиката може да промени нешто во Македонија и она што е пострашно се повеќе расте евроскептицизмот затоа што луѓето тој европска пат го поистоветуваат со ликови од типот на Ковачевски и Груби, кои што за жал иднината на граѓаните на Македонија ја сведуваат на дневно политиканство и на ниво на српска задруга сакајќи да изиграваат некакви инфлуенсери по социјалните медиуми“ истакна Петрушевски.

Најнови вести