петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Платите на работниците да се зголемат, власта тоа го вети – сега нека го исполни

Петрушевски: Платите на работниците да се зголемат, власта тоа го вети – сега нека го исполни

„Согласно Деловникот барам точката под реден број 13, барање за давање на автентично толкување на член 12 став 2 од Законот за работните односи, кое што барање е поднесено од мојата страна да биде реден број 11. Од причина што и самиот првичен предлог на Дневен ред, точката под број 11 се исто така однесува на Законот за работни односи, но во друг член 134, за да имаме следственост со дебатата и во работата. Генерално и двете барања се однесуваат на работничките права нешто кое што очигледно по реакцијата на колегите од власта не им е битна и мислам дека и ниту ги слушаат пратениците и ниту ги слушаат граѓаните, ниту ги слушаат синдикатите што е многу побитно. Власта се однесува измамнички иако им вети зголемување на платите на работниците врз основа на зголемувањето на минималната плата, и истото не го исполнија“, истакна Бране Петрушевски на денешната пленарна седница во Парламентот.

Петрушевски додаде дека штрајковите на синдикатите и барањата на работниците не допираат до владата, владате не ги слуша.

„Мислам дека преку една ваква дебата и преку отворање на една ваква дебата ќе можеме да допреме и да го артикулираме тоа мислење на граѓаните да допреме до владејачкото мнозинство се со цел да во овој тежок период што следи во Република Македонија и согласно најавите на Владата. Неопходно е да се изреализираат барањата на работниците, да се зголемат работничките права и пред се да мислам на усогласување на платите со минималната плата односно зголемување на платите затоа што и во изминатиов период и последниот месец свесни сме колку е галопирачка инфлацијата, колку расте потрошувачката кошничка и колку уште потежок период не очекува во Република Македонија од економски, енергетски и финансиски аспект“, појасни пратеникот.

Пратеникот посочи дека треба да се случи зголемување на сите плати, затоа што владата тоа го вети и потребно е сега да се исполни.

Најнови вести