Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бранислав Петрушевски во денешниот „Неделен брифинг истакна дека корупцијата е веќе длабоко вкоренета во Македонија и затоа младите се селат.
-Како еден Зоран Заев располага со милиони, како еден Мијалков располага со милиони, па ако сакате и локално ќе се спуштиме по општините да видиме кои се таму милионерите и локални шерифи. Какви морални вредности имаат тие луѓе, и како да го воспитуваш своето дете во такво општество. Затоа младите се селат. Имам пријатели кои се сега универзитетски професори во Америка, Русија и други држави низ светот, единствено од моето друштво само јас сум останал во Македонија да живеам. Тоа е така токму поради таквите функционери коишто кога е нивниот личен интерес во прашање и те како знаат да го изиграат законот да не го почитуваат, да се збогатуваат во името на функциите. А кога е во прашање една минорна сума со која треба да инвестираат во младите, да им го покажат вистинскиот пат, рече Петрушевски.
Сведоци сме како урбаната мафија за неколку часа може цел урбанистички план да се промени, за да се гради и да се остваруваат милиони и милијарди, а не може да се промени правилник за едно талентирано дете за да му се додели награда, вели Петрушевски.
-Оваа Влада функционира само со пи-ар стратегија. Значи доколку треба да се пеглаат односите со Бугарија, ќе изјават Бугарија ќе ни донира вакцини. Доколку треба да се додворуваат на НАТО, тогаш а не, ние сме НАТО членка и руски вакцини не сакаме. За да после три дена да изјави дека ќе набави и руски ако треба. Тука можеш да му го видиш целиот памет на еден човек. Да дебатираш за здравјето на луѓето, кој ја произведувал вакцината и да ја поврзуваш со геостратешка политика, само кажува на нивото на човекот којшто е најодговорен во оваа држава. Значи зборуваме за вакцина, зборуваме за здравје, за животи на граѓани, а тој геостратешки ќе одлучува која вакцина ќе ја набавува. И за жал не успеа ниту една вакцина да набави, истакна Петрушевски.
Според него, покрај морална одговорност има услови и за кривична одговорност заради не постапување на одговорните во власта. Секој кој ќе се зарази од Ковид-19, не дај боже да почине, неговото семејство има право да ја обвини државата за состојбата во која што е дојден.
-Во споредба еве ќе кажам, доколку луѓето не носат маски или не ги почитуваат мерките државата ги казнува, така е и за граѓаните кои имаат права да ја обвинат државата за непочитување на мерките. Сега кога почна да растат бројките со новиот Британски сој на корона, сега граѓаните биле криви многу шетале. Тука излезе на површина сета хипокризија и неспособноста на власта. Излагаат на прес конференции и кажуваат или граѓаните или некој од ВМРО-ДПМНЕ е крив, а тие за ништо не преземаат одговорност, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бранислав Петрушевски во денешниот “Неделен брифинг”, рече Петрушевски.