Не треба некој од страна да ни реформира правосуден систем, тоа е наша задача. не може некој од страна да ни реформира јавна администрација, тоа е наша задача како општество. Ако гледаме што се се случи, какви афери излегоа само последнава недела дена, имаме проблеми со Академија за судии и обвинители, видовме како се избра јавен обвинител и какви реакции предизвика тоа во меѓународната заедница, ако сакате кај американската амбасада, изјави за „Анализа“ на ТВ 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Петрушевски посочи дека во таа насока се бираат уставни судии во Собрание, буквално надвор од деловник, Устав и закони и тоа не е европски проблем, и Европа да ни го реши, тоа е наш проблем и додаде дека во меѓувреме секојдневно гледаме разни афери на власта
– Наша задача се економските реформи, правосудство, јавна администрација, борба против корупција. Секојдневно гледаме разни афери ја тресат Македонија, од тендери, до вработување на блиски, до високи криминали кои ги гледаме како 215 пасоши за криминалци. На судење во Србија се кажа како за 30.000 евра некој давал пасош на тие криминалци. Скандалот со Онишченко. Нема дел каде не е труло. За тоа не ни е виновна ЕУ, СДСМ е шеста година на власт и не убедува дека се ќе се реши ако сме се обезличеле, истакна Петрушевски.
Тој посочи дека ние имаме влада без кичма, што и да им побараат тие испорачуваат и во исто време луѓето си одат од државата затоа што овде има криминал, корупција, невладеење на право и тоа е задача која не е завршена како држава, рече Петрушевски.