Власта сака да легализира криминал на Заев и тоа директно преку Собранието на Македонија, преку злоупотреба на европското знаменце. Законот за марихуана е закон за бизнисите на Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Во однос на Предлог-законот за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанции кој вчера владата на Зоран Заев го предложи до Собранието со европско знаменце би го истакнале следново:
Лиценците за канабис кои се дадоа изминативе години, се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е таа и на семејството Заеви, истакна тој.
Петрушевски посочи дека јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари за кои има сомнеж дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви.
– Законот на Заев за марихуана го потврдува сомнежот дека ветувањето до компаниите одгледувачи на марихуана било и овозможување на извоз на цвет од канабис. И наместо да зборуваме за дигитализација, вештачка интелигенција, за 21 век, за владеење на правото, и нови работни места, власта носи закони со кој во Европа и во светот ќе станеме познати земја производител на марихуана. Ако законот за марихуана на Заев се донесе со европско знаменце во Собранието на Република Македонија, и се изгласа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите идни закони кои ќе дојдат во Собранието. Бидејќи овој предлог закон е најавен дека ќе се носи со европско знаменце, ја повикуваме и европската канцеларија во Македонија да излезе со став по однос на ова прашање, додаде пратеникот.