петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ не го бојкотира, туку прави активна блокада на Собранието за да ги спречи лошите чекори на власт

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ не го бојкотира, туку прави активна блокада на Собранието за да ги спречи лошите чекори на власт

ВМРО-ДПМНЕ не го бојкотира Собранието, ВМРО-ДПМНЕ прави активна блокада на работата на Собранието внатре во собранието, користејќи ги сите деловнички алатки што му стојат на располагање на една опозициска партија. И преку филибастерингот, односно постојано говорење преку јавување за процедурални говори на голем број пратеници и секако преку користење на амандманските можности и се она што ни го дава Деловникот во собранието, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија истакна дека единствена цел на собраниската активна блокада не е да се дојде само до предвремени парламентарни избори, што впрочем не само желба на ВМРО-ДПМНЕ туку барање на македонските граѓани, туку и да се седне со најголемата владеачка партија да се разговара и да се изнајдат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочува државата, како економската, финансиската, здравствена криза и проблемот со сосдна Бугарија.

Додаде дека за тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи и четири тима со искусни експерти од сите области, со цел надминување и решавање на проблемите.
„Од друга страна, ова го правиме со една цел, не конкретно да се дојде до избори и да се каже, да утре одиме на избори и ние да се тргнеме од блокадата, туку да седнеме со најголемата партија во власта, со СДСМ и да разговараме на неколку теми. Ние понудивме и наши експерти и наши искосни политички дејци кои што се во четири области кои што најмногу ги засегаат граѓаните, во економијата, во здравството, во образованието и во проблемот што го имаме со Бугарија. Да седнеме да разговараме на овие четири теми и заеднички да изнајдеме решенија кои ќе бидат од интерес за граѓаните, како прва работа и како второ да почнеме да разговараме за предвремени парламентарни избори, затоа што не ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ни го кажуваат тоа дека вака веќе не може. Државата во секоја област тоне од ден на ден“, рече Петрушевски.

Посочи дека на денешното заседание на ИК ВМРО-ДПМНЕ ќе гонесе одлуки за следните чекори кои ќе ги преземе партијата, потенцирајќи дека ќе ги искористи сите мжности што законите на Република Македонија му ги дава на една опозициска партија.

Петрушевски истакна дека пратениците ќе продолжат со блокадата во Собрание на сите штетни чекори на власта, но, како и што до сега потенцираат, сите закони кои се од суштинска важност за граѓаните, какао покачување на плати или економски мерки за граѓаните ќе бидат поддржани.

„Вечерва во овој момент заседата Извршнито комитет на ВМРО-ДПМНЕ за понатамошните чекори кои што ќе ги преземаме како политичка партија во опозиција. Сите тие чекори ќе бидат во рамки на можностите што ги даваат законите во Република Македонија, ќе бидат насочени кон власта, не кон народот. И се она што, потенцирам и секој ден потенцираме, што ќе биде во Собранието закон што ќе значи поголеми плати или економски мерки за граѓаните, апсолутно ќе биде поддржано пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тука нема да има никва блокада. Сите други закони ќе подлежат на таа блокада. Впрочем, денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкиски понуди едно решение, „ајде заемот кој што го земаа од 63 милиони евра од Светска банка, а наменет за општините и изградба на улици во општини во Република Македонија, без разлика дали градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса, да го стават на дневен ред во Собраниете и ја имаат нашата поддршка да го изгласаме тој закон“, ќе биде конструктивни, но ќе ги блокираме сите штетни чекори на оваа Влада“, додаде Петушевски.

Најнови вести