Естрадниов турбо-фолк политичар, откако вчера најави дека ќе го брани “конечното обезличување на македонскиот народ”, денес не се појави во Собранието⁉️, пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, алудирајќи на пратеникот Димитар Апасиев.
-Го немаше на Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред беше Законот за државјанство, па грбот му го чуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Го немаше на Комисијата за политички систем, каде на дневен ред беше Законот за лична карта, која не се оддржа поради немање претставник на Владата, вели Петрушевски додава:
„Претходно исто најавуваше дека ќе прави “големата” и бараше да пратат обезбедување, но и тогаш го немаше. Денес е втор пат како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му го чуваат грбот, а по секојдневните негови навреди кон нас, тешко дека ќе има и трет пат. Лесно е да се прави фама на социјалните мрежи, со цел создавање на лажна слика демек ВМРО-ДПМНЕ ништо не прави, но тоа оди исклучиво во интерес на Зоран Заев. Вистината е сосем различна, а од кои побуди тоа го прави фејсбук политичарот и дали е искеширан за тоа, нека си каже самиот. Со оглед дека денес не бил на работа, единствено корисно што може да направи за државата е да ја донира денешната дневница на некое социјално загрозено семејство“.