Заеви од голтари преку СДСМ до милионери, а не плаќаат над 1 милион евра данок, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Трите фирми во кои се јавувал Вице Заев како сопственик Сара Инжинеринг, Сара Јавор и Дравас не сакаат да платат над 1 милион евра. Фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно, и не сакаат да платат 1 милион евра данок кон државата. Според информациите кои ги објави Управата за јавни приходи, Дравас не сака да плати 43 милиони денари, Сара Инжинеринг не сака да плати 19 милиони денари, а Сара Јавор не сака да плати данок од над 2 милиони денари. Да биде проблемот уште поголем Сара Инжинеринг, е фирмата преку која Заеви испумпале кредит од 36 милиони денари од Еуростандард банка, за кој немаат платено ниту денар. Сара Инжинеринг е фирма која не сака да го плати долгот кон Управата за јавни приходи, но не сакала да го врати ниту кредит кој го земала, и цели 620 дена не уплатила ниту една рата од кредитот. Заради Заеви и таквите како нив пропадна банка, а сега заради нивното неплаќање даноци, Управата за јавни приходи затвора други фирми кои не смеат да задоцнат ниту еден ден. Заеви се типичен пример како од голтар се станува милионер. Зоран Заев ја злоупотреби позицијата и додека беше премиер на својата семејна фирма Еленица и даде концесија за глина, неговите братучеди влегоа во бизнисот со марихуана, а тој под превезот на неговиот син во бизнисот со струја, истакна Петрушевски.
Заеви од голтари станаа милионери. ДКСК да го истражи нивниот имот, додаде тој.