Петта светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во организација на Сојузот на здружение на Македонците од Егејскиот дел МАКЕДОН ќе се одржи на 30. јуни и 1. јули.
Како и секогаш, и оваа година средбата ќе има богата програма.
Според предвиденото, на 30. Јуни предвидено е полагање свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец, изложба „70 години од прогонот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948-2018“ во Домот на АРМ – Скопје и свечен собир во Домот на АРМ.
На 1. јули предвидено е поаѓање за Катлановска бања, каде што ќе се направи пикник со полагање на свежо цвеќе на Споменикот на Борците на ДАГ од граѓанската војна во Грција 1946-1949 и вечера во ресторанот „Ексклузив“ во Кисела Вода.