Плусинфо ги прашува македонските потписници на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ – дали наведените суми на пеналите се точни и зошто прифатиле ваков услов во договорот, знаејќи дека законските измени ќе доведат до дискриминација и нерамноправен третман на работниците на пазарот на трудот, што може да биде основа тие, ако се усвојат, утре да бидат поништени од страна на Уставниот суд?
Плусинфо располага со фотографии од најважните делови од Договорот за Коридорот 8 (Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – делницата на експресниот пат Ќафасан) и Коридорот 10 (експресниот пат Прилеп – Битола).
-Исто така, располагаме и со фотографии од еден од придружните документи насловен како Schedule 18 – Qualifications and Assumptions. Овој документ е важен во поглед на она што ќе се случува на седницата на Собранието. Судејќи според бројките на дното на секоја страница, станува збор за обемен материјал од вкупно 438 страници, кој ги дефинира сите детали од Договорот помеѓу нашата држава, која во случајов се јавува како Работодавец и конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој е во ролјата на Контрактор. На страницата 427 од документот Schedule 18, станува збор за тоа какви пенали ќе му плати Работодавецот на Контракторот, во случај да не обезбеди 60-работна недела за неговиот персонал, во рок од 45 дена од потпишувањето на Договорот, пишува порталот.
Целата вест и сите документи погледнете ги на ПЛУСИНФО