Актерката Јана Стојановска вели дека се работи за недоразбирање, откако нејзината мајка, познатата актерка Силвија Стојановска е приведена поради наводен шверц на кокаин.
-Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило, изјави за Женски магазин Јана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.
На Стојановска ѝ се одредени 30 дена домашен притвор, поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со кокаин. За делото за кое е осомничена Стојановска, кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор. Во кривичниот суд, за овој случај се приведени две лица. За вториот осомничен одреден е 30-дневен затворски притвор.