понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По буквите, тргната и статуата на Александар Македонски од скопскиот аеродром (ФОТО)

По буквите, тргната и статуата на Александар Македонски од скопскиот аеродром (ФОТО)

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Велики, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот.

Скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ во декември 2006 година, со одлука на претходната Влада, а споменикот беше поставен во 2011 година, откако ТАВ стана концесионер.

Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, е донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава.

Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

Сегашното име на автопатот „Александар Велики“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.

Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“.

Со оваа одлука тој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“, а сменето е и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“.

Најнови вести