среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По една година заврши акцијата за отстранување на дрвја од навремето во Долна Преспа

По една година заврши акцијата за отстранување на дрвја од навремето во Долна Преспа

Припадници на Армијата и ЈП „Национални шуми“ во соработка со локалното население од Брајчино, Љубојно, Наколец, Долно Дупени, Крани и Арвати, по една година ја реализираа акција на остранување паднати и искрешени дрвја во реонот на Долна Преспа.

-Со акцијата расчистени се речните корита на реките во Брајчино и Крани, врз кои имаше многу искршени дрвја и гранки, а тие пак го оневозможуваа слободниот тек на водата. Благодарение на инженериска единица на македонската армија и екипи на ЈП „Национални шуми“ сега се спречуваат евентуални поплави бидејќи отстранети се големи трупци и дрва кои освен во реките беа паднати и врз планинските патишта и патеки. Но, освен благодарност до екипите, во оваа прилика сакам да се заблагодарам на соработката со локалното население што ја поддржа и се вклучи во акцијата која формално завршува утре, истакна Гошаревски.

Како што е познато, кон крајот на минатата година, во невреме во Долна Преспа беа искрешени многу дрвја кои оштетија бандери, патишта и речни корита, дел од нив Општина Ресен веднаш ги отстрани, а во изминатите две недели со поддршка на Армијата и ЈП „Национални шуми“, целосно е расчистен планинскиот предел во тој крај.

Најнови вести