Од реобјавувањето на ланската промеморија од МАНУ, до писмото на Институтот за национална историја, на кое му претходеше реакцијата на еминентните лингвисти и македонисти од Институтот за македонски јазик, деновиве го чувме и ставот на професорите од Философскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Од неофицијалните информации, вчерадента на седницата на сенатот при најстариот универзитет во Македонија, повеќе сенатори побарале и од врвот на институцијата да се произнесе и да ја истакне поддршката кон заштитата на македонската национална историја, како и за скандалозниот концепт за укинување на предметот историја од наставните програми во основното образование.
До сега, од Правниот факултет “Јустинијан Први” произлегоа два спротивставени става. Едниот дојде од професорката Иванка Василевска, вонреден професор на катедрата по историско-правни науки, која повеќе години јавно се залага за зачувување на идентитетот, националниот дигнитет и заштитата на македонската национална историја и другиот од професорот и специјален преговарач со Бугарија, проф. д-р Владо Бучковски, кој уште на првата работна средба ја поништи македонската национална историја пред 1945 година!
И двајцата професори, покрај академската кариера, се и политички активни, имено проф. Бучковски е поранешен Премиер, министер за одбрана и пратеник, додека професорката Василевска е актуелен пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен нив двајца, про ставот на Василевска јавно говореа и се спротивставија на овие уставни и стратешки прашања и Професорките Гордана Силјановска Давкова и Тања Каракамишева Јовановска.
До сега официјално Правниот факултет “Јустинијан Први” не се произнесе по повод потпишувањето на Преспанскиот договор, уставните измени, а до ден денес остана нем и кон скандалозните изјави на Проф. Бучковски, како и на апелите на Проф. Василевска за обединување зад македонското национално достоинство и одбраната на македонската национална историја, култура и традиција.
Проф. Иванка Василевска им честиташе на колегите од Филозофскиот факултет и упати апел и до своите колеги за заедништво во одбраната на македонската национална историја.
Во прилог, нејзиниот фејсбук статус:
Секоја чест на колегите од институтот по историја и на колегите од Филозофскиот факултет при УКИМ. И јас се приклучувам…
Posted by Иванка Ина Василевска Македонска on Вторник, 29 декември 2020