сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

По објавата на аферата „Тајни имоти“, паднаа системот и страната на Катастар

По објавата на аферата „Тајни имоти“, паднаа системот и страната на Катастар

 

Страната на Агенцијата за катастар на недвижности не е во функција. Граѓаните не можат да пристапат до електронските услуги на Катастарот.

Интересно е што нефункционирање на страната се поклопува со објавата на аферата „Тајни имоти“ која ја започна ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата вчера истакнаа дека 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра и ги повикаа институциите да ги објават за 24 часа.

Бидејќи тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ од денеска започна со објавување детали за аферата, односно имиња на функционери на власта, за кои како што велат од опозициската партија, кријат имот.

Повеќе за новите детали кои денеска ги објави ВМРО-ДПМНЕ може да прочитате ТУКА.

Најнови вести