четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По осудите од јавноста за синоќешниот натпревар: Функционерите од СДСМ завршија во полиција на распит

По осудите од јавноста за синоќешниот натпревар: Функционерите од СДСМ завршија во полиција на распит

Директорите на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски, на затворот „Скопје“ во Шутка Филип Андонов, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и пратеникот Дарко Каевски попладнево беа повикани во полициска станица, откако синоќа присуствуваа на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска, пренесе СДК.МК.

Според протоколите за одржување спортски настани, во салата не смее да има публика, а функционерите не само што беа во салата туку и се пофалија објавувајќи слика на социјалните мрежи.

Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека на распитот во полициската станица Карпош објаснил оти на натпреварот присуствувал како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на ракометната федерација.

„Се прочитав на списокот кој што бил предаден во МВР еден ден пред натпреварот, на врата ме сместија уредно и го проследив мечот. Тврдам дека не прекршив ниту еден протокол и доколку Обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка повикувам да постапи според законот“, вели Галетановски.

Јавноста се крена на нозе откако виде дека само функционерите на СДСМ се со привилегија да уживаат во вака значаен настан! Додека за нас важат строги мерки и забрани, лицата кои функции добиле од Зоран Заев изгледа можат да си прават што сакаат.

Ако законите важат исто за сите – овие лица треба да бидат канети откако во полиција беа повикани по остар притисок од јавноста.

Најнови вести