Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во државата. Приоритет е да се справиме со оваа ситуација, напиша на својот Твитер профил британскиот амасадор во Република Македонија, Метју Лосон.
Recent troubling reports suggest that corruption in 🇲🇰 is getting worse, not better. Corruption undermines the rule of law, creates distrust in the judiciary and weakens public institutions. 🇬🇧 stands with 🇲🇰. Absolutely crucial to tackle this. #AntiCorruptionDay #IACD2022 pic.twitter.com/ouUXrKsYhG
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) December 9, 2022
Ваквата опомена за корупција во земјава е втора, откако пред неколку дена јасно и директно, обвини новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Агелер, за која може да се каже дека за прв пат се добиени волку директни обвинувања од странски дипломати.
Агелер најави дека во земајва е пристигнат и тим од Вашингтон кој ќе гони поранешни и актуелни носители на функции кои направиле криминал, а ваквата реакција на САД доаѓа откако излегоа податоците дека судството во Македонија има едноцифрен процент на доверба, а тие како држава вложиле многу труд и пари за тоа да не биде така.
Слободно може да се каже дека Македонија за прв пат од нејзината самостојност добива волку директни обвинувања од земји како САД и Велика Британија за висок степен на корупција, а со самото тоа паѓаат во вода и изјавите на владините функционери за борба против криминалот и корупцијата.