среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По социјалната сторија за семејството Селмановски, Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ во посета на нивниот дом

По социјалната сторија за семејството Селмановски, Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ во посета на нивниот дом

Во беда и сиромаштија живее охридското семејство Селманоски.Без струја ,огрев и храна во една соба со социјална помош од околу 2 илјади денари едвај врзуваат крај со крај.Бесим има 10 оперативни зафати и боледува од Aтеросклероза болест која ги зафаќа големите и средните артерии во телото , а неговата сопруга пак поради болки во нозете и грбот е врзана за постела.Оставени сами на себе поради здравствени проблеми не се во можност да работат а лековите ги примаат доколку некој од совесните граѓани им ги купи.

Михане со солзи во очите не гледајќи излез од ваквата состојба прегладнета моли за помош.

Помошта која им стига од хуманите луѓе привремено им ја ублажува нивната незавидна состојба.

Селманоски без елементарни услови во секојдневна борба да се обезбеди храна од надлежните бараат достоинствен живот каков што му доликува на секој граѓанин во едно општество.

По социјалната сторија на Сител телевизија за охридското семејство Селмановски Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во посета на нивниот дом.

Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ, го посетија семејството на Бесим Селманоски, откако беше објавена социјалната сторија, на овој наш сограганин, кој се наога во исклучителна тешка здравствена но и материјална состојба. Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ-Охрид, предводена од Претседателката Лидија Петкоска, на ова семејство, во рамките на своите можности, му помогнаа со прехранбени продукти.Во таа насока, Претседателката Лидија Петкоска, истакна дека Унијата на Жени од ОК  Охрид, како и секогаш и овој пат со хумано срце ке пружа помош на семејствата со социјален ризик, кои се довеле во ваква тешка состојба, и во една пријатна атмосфера, со искрени желби за здравје и цврсто подадена рака ке помогнат, но исто така акцентот треба да се става на институционално и долгорочно решение на овој проблем.

Нво Коалицијата на Еѓипќаните предводена од Лидерот Демир Далип, истакна голема благодарност до секој кој помогнал на семејството на Бесим Селманоски, и повика и останатите да го следат ваквиот хуман потег, но и тој нагласи дека е цврсто убеден дека надлежните институции ке најдат решение на долг рок, за да се извлече од ова состојба семејството на Бесим Селманоски.

Најнови вести