Повторно изби пожар кај кумановското село Бељаковце, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
– Пред малку повторно изби пожар над селото Бељаковце, Општина Куманово. Тим кумановски пожарникари се упатени кон овој, трет по ред, пожар во близина на ова село, информираа од ЦУК.
Минатата недела Исто така имаше пожар во ова село кој се префрли од Руѓинце во Бељаковце. Тогаш беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа. Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце.