Бура на реакции на социјалната мрежа Твитер откако вчера официјално на првата меѓувладина конференција на земјите членки Република Бугарија стави вето на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија и покрај потпишаниот добрососедски договор помеѓу двете држави.
Револтот на граѓаните е голем, додека едни порачуваат дека со власта на СДСМ и Заев сме навикнати на вето, нема да ни е прв пат станувајќи Ветовска , други ја прогласуваат Патлиџан дипломатијата на вицепремиерот Никола Димитров за умрена,а други посакуваат добро утро за сите освен на ЕУ фундаменталистите кои менуваа име за денеска да добијат вето.
Има и такви кои се шегуваат и очекуваат славје и распишување на тендер за ВЕТО фест, по пример на владата на СДСМ кога на 14 јули во 15 града ширум државата организираше граѓанска прослава насловена Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, како и дека ставаат вето на алармот.
Погледнете некои од твитовите: