Драмки театар известува дека со огромно жалење ја примиле веста за смртта на долгогодишната актерка Видосава Грубач, која беше член на Драмски театар од 1962 па сѐ до пензионирањето.
-Најважните улоги ги остварува на Куклената и на Детската сцена, но со голем успех учествува и во проектите на Вечерната сцена.
Селективна театрографија: Беки Тачер во Том Соер (1962); Оливер Твист во Оливер Твист (1963); Клариса во Кралот на елените (1964); Лилјана Бартли во Фармерки (1965); Мариета Ривал во Сојуз на лажните светци (1970); Жената во облека на шпанска кралица во Ништо (1972); Бајачката во Диво месо (1979); Екатерина во Бркотница (1980); Иродијада во Салома (1985); Тетка Веска во Чија си (1991).
Изразуваме искрено сочувство до семејството. Нека и е вечна слава, стои во објавата на Драмски театар.