Почина археологот и машински инженер Јовица Станковски. Семејството информира дека Станковски починал по кратко боледување.
Станковски е роден 1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје.
Тој е археологот кој го пронајде Кокино. Мегалитската опсерваторија е откриена случајно во 2001 год. од страна на Станковски, а кон крајот на 2001 година биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.
Станковски беше долгогодишен директор на НУ Музеј Куманово, како и советник во советот на Општина Куманово.
Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Куманово.