Благој Талевски Басар, вокалист на битолската фолк група ,,Лира” починал ненадејно во четвртокот. Од музичарот кој беше на чело на групата со децении, се простуваат негови колеги и пријатели на социјалните мрежи.
„Лира“ зад себе има неколку фолк хитови, а најголема популарност доживеа во деведесеттите години на минатиот век со песната „Никогаш повеќе“. Имаа редовни настапи во локали и на семејни веселби, како и учества на фолк фестивали.
Колегите и пријателите на Талевски со неверување ја примија тажната вест. Со трогателни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Згасна најубавиот глас, вечната насмевка и твојата предобра душа. Имаше уште многу да живееш и да се радуваш. Ќе останат многу песни и спомени. Почивај во мир, легендо! Царство небесно!“, стои во една од посветите.