Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, објави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Посочува дека химната ќе се интонира затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст.
-Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција, објави Муцунски.