сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст: Со интонирање на македонската химна ќе започнува наставата во основните училиштa во Аеродром

Почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст: Со интонирање на македонската химна ќе започнува наставата во основните училиштa во Аеродром

Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, објави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Посочува дека химната ќе се интонира затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст.

-Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција, објави Муцунски.

Најнови вести