Почна лидерската средба во кабинетот на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски на која присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. Единствена точка на дневниот ред на лидерската средба што ја свика шефот на државата е одложување на парламентарните избори.
На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движењето Беса, Билал Касами, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
Видеоинсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на прес-службата на кабинетот веднаш по почетокот на лидерската средба. Изјавите за медиумите по завршувањето на лидерската средба ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на фејсбук-страницата на претседателот и на јутјуб-каналот.
Поради мерките и препораките на Владата за заштита од COVID-19, од Кабинето на Пендаровски, ги охрабруваат медиумите да ги преземат видеоматеријалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани.