понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна лидерската средба за изборен датум

Почна лидерската средба за изборен датум

Во претседателската вила Водно почна средбата на партиските лидери на која се разговара за терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. Во октомври лани тие беа закажани за 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ризикот од ширење на коронавирусот.

На средбата што ја организира претседателот Стево Пендаровски, поканети се лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Кабинетот на претседателот Пендаровски по средбата на 12 мај соопшти дека е договорено да се побара мислење од Комисијата за заразни болести за мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување изборни процеси во време на пандемијата и дека Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес. Беше договорено и да се побара мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

Најнови вести