недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна седницата на собраниската Комисија за одбрана за лажните дојави за бомби

Почна седницата на собраниската Комисија за одбрана за лажните дојави за бомби

Почна седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред како единствена точка е информацијата за превземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.

Седницата е од затворен тип, а на неа присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Комисиската седница се одржува во време кога во тек се проверките по денешните дојави за поставени експлозивни направи во седум училишта во Скопје, три во Прилеп, две во Тетово и едно во Битола.

Од МВР информираа дека заканите биле упатени на електронските адреси на училиштата и веднаш по добиените пријави, полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се спроведуваат мерки за расчистување на случаите.

Најнови вести