среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023

Од денеска почнува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година. Поднесени се 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во понеделникот заврши општата расправа во текот на која власта и опозицијата ги изнесоа своите ставови. Според парламентарното мнозинство, проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а опозицијата смета дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повисоко во однос на планот за 2022 година.

Најнови вести