Во Кривичниот суд денес започнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино.
Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. Таа денес ќе седне на обвинителна клупа и ќе се соочи со обвинителката Лидија Раичевиќ.
Безмалку една година по убиството, на 5 овој месец, најблиските и пријателите за последен пат се простија од Пино Секондо на Реквиемска Миса во неговата татковина Италија.
Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења. На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.
За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.