По повод денешниот најголем празник за христијаните каде се слави раѓањето на Господ Исус Христос, Унијата на млади сили заедно со Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Берово на ветераните на партијата им го честита Божиќ со скромни подароци. Под мотото “Од најмладите за ветераните” на најстарите членови на партијата им беше оддадена почит за сета нивна заложба и заслуга во градењето и делувањето на ВМРО ДПМНЕ, како и во борбата за самостојна и суверена Република.
Македонија. Божиќ кој се празнува во рамките на фамилијата, Унијата на млади сакаа барем за момент да го прослават со ветераните, тие кои се бореле во многу премрежија и кои страдале како за ВМРО така и за Македонија, оние кај кои стојат видливи бори на лицата и насобрани години искуство.Најмладите посетувајќи ги ветераните дома, им дадоа подароци со што им се заблагодарија за се’ што направиле за тие сега да имаат поубав живот во својата држава Македонија, воедно со желби за многу здравје, мир и среќа во рамките на семејствата. Најстарите со единствена порака- да не бидат залудни жртвите на генерации кои гинеле за ова парче земја наречено Македонија, да не дозволиме државата, историјата и јазикот да ни ги продадаваат и парчосуваат!